https://develop.finki.ukim.mk/projects/CompShop
Членови на тимот:
• Андреј Шумковски @Shume00
• Мерсиха Фејзиќ @mersihaf2
Краток опис на проектот:
CompShop е веб платформа преку која на корисниците им е овозможено купување на делови за својот компјутер. Платформата има два вида на корисници, купувачи и администратори. За корисниците се чуваат име, корисничко име и лозинка. За купувачите дополнително се чува и адреса и телефонски број. Администраторите менаџираат со продавницата, додаваат нови продукти, одобруваат нарачки и креираат промоции. За нарачките се чува бројот на нарачка, вкупната сума и фирмата за достава кој има за задача да ја испорача нарачката. За продуктите се чуваат име, категорија, цена, залиха, како и производител. Се чуваат податоци за производителите на продуктите, и по потреба се прави нарачка за дополнување на залихите, што е исто така задача на администраторот. Секој корисник има евиденција за сите негови направени нарачки. Продавницата испраќа известување до транспорт до фирмата за транспорт по направена нарачка од страна на корисникот, која преку агент се доставува до адресата на купувачот. Доколку корисникот има код за попуст, со внесување на истиот се пресметува попустот на сите продукти во неговата кошничка.
Детален опис на проектот:
За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?
• Проектот е наменет за било која онлајн продавница за компјутерски компоненти, а со мали модификации може да се обопшти и да биде употребена за онлајн продажба на било кои производи.
Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?
• Нашата база на податоци ќе им овозможи на фирмите кои вршат онлајн продажба да имаат едноставен и сеопфатен систем за управување со производите, клиентите и нарачките.
Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?
• Апликацијата ќе има два типа корисници, администратори и купувачи.
Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект?
• Нашиот проект е различен во тоа што овозможува централизиран пристап до сите обврски поврзани со менаџирање на една онлајн продавница, од нарачка на производите од производителите, потоа нивно прикажување на веб сајтот, па се до нивна достава на адреса на корисниците.
Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?
• Се работи за веб апликација.